Центарот на Крива Паланка е можност за целодневна посета на културно-историски објекти, прошетки и рекреација. Уредениот Градски плоштад и Градскиот парк опкружен со дрвја и зеленило, е предизвик за прошетка покрај Крива Река и Дурачка Река.
15.1. Градската црква „Свети Димитрија“ изградена првенци и ктиторот Давид Јереј во 1833 година. Во дворот на црквата е гробот на првиот македонски просветител и учител св. Јоаким Крчовски, а во непосредна близина се наоѓала Енгеровата куќа (првото црковно-ќелијно училиште).
15.2.Рекреативна патека “Стара вада” Според преданието, вадата е изградена од ктиторот Давид Јереј, како добро дело (услов) за ослободување од затвор.
15.3. Рекреативна пешачко-велосипедската патека покрај Крива Река (возење на велосипед/ролери/миниголф)
15.4.Градски музеј (историска, археолошка, етнолошка збирка, уметничка галерија и сувенирница)
15.5. Угостителски и сместувачки капцитети, Кафулето „Селект“ угостителски објект, препознатлив по вкусните пијалоци, коктели, кафиња и сладолед со атрактивен аранжман, Ресторанот „Минт“ е модерно уреден објект од кој се пружа поглед на Градскиот парк и Крива Река, богато мени на свежа и вкусната храна. Пицеријата „Аквариум“, торти и слатки и голем избор на пици и пастрмајлии. Кафеана „Осоговец“ е традиционална храна, специјалитети на скара. „Noble House apartments“ се наоѓа покрај самиот Градски плоштад.