Една нова и поинaква новогодишна приказна нуди Новогодишниот базар во Крива Паланка, со која градот 7 дена ја живее празничната бајка. Центарот на градот , новоуредениот градскиот плоштад и парк, како и главната градска улица, блескат во новогодишен сјај и се место за радост, забава и дружење на посетителите од сите возрасти. Со музички, сценски и забавни настани се исполнуваат предновогодишните денови и празничното расположение.

Во атрактивни дрвени куќички во кои се продаваат сувенири, новогодишни и божиќни колачиња, греано вино и топол чај, како и други новогодишни содржини, кои ги внесуваат посетителите во светот на новогодишната атмосфера. Во пресрет на Новата 2022 година, Општина Крива Паланка беше препознаена како најпривлечна новогодишна дестинација во државата со најбогатата програма која прилече туристи од сите краишта на земјата. Интенција на организаторите е Новогодишниот базар и понатаму за секое ново издание да ја збогатува својата понуда со нови содржини.