Џојфест е млад фестивал со голем потенцијал. Овој фестивал го организира општина Крива Паланка, заедно со организациониот одбор „Џојфест“, културни институции со поддршка на Министерството за култура на Македонија.
Ова е одлична можност за забава и неверојатно искуство за сите кривопаланчани и жители од регионот да слушнат врвни уметници од Македонија и од соседните земји, со кои израснавме и со кои растат многу генерации.
Влатко Стефаноски, Тони Зен, Игор Замбазов, Рибја Чорба, Студени нос, Бајага, Ареа, Ван Гог, Гуру Харе, Тамара Тодевска и многу други музички ѕвезди на сегашните посетители им понудија атмосфера за паметење. Фестивалот се одржува секоја година во август во екот на летната културна понуда во регионот и е поддржан од голем број посетители, кој секоја година е се поголем и поголем.