6.1. Црква „Св.Никола“ потекнува од 16 или 17 век и е една од најстарите цркви во кривопаланечко. Зачуван е живописот, а меѓу насликаните светители се издвојува ликот на „Свети Јоаким Осоговски“. Комплексот располага и со конак за сместување гости.

6.2. Археолошко наоѓалиште „ Градиште “ според својата архитектура и морфологија, најверојатно станува збор за населба која има моќна вертикална стратиграфија со остатоци на живот во енеолитот, железното време, доцната антика и средниот век. Во близина е евидентиран е и локалитетот кој мештаните го нарекуваат Селиште.

6.3. Планинарска патека „Трновска момица“ именувана по ридот Момица, е долга 6,5 км. и на почетокот минува низ карпест предел, потоа низ прекрасни цветни ливади и стара дабова шума и на крајот завршува со борова шума. Патеката пружа прекрасни видици кон снежните врвови на осоговијата.

6.4. Угостителски и сместувачки капацитет „Трновски ветар“ комплексот е уреден со зеленило и родни дрвја, места за одмор и релаксација. Располага со 8 соби, 4 бунгалови, има отворен базен Гостите во Трново може да уживаат во прошетки, планинарење, пешачки тури, берба на шумски плодови лековити растенија.