Распослан во подножјето на Осоговските Планини, среде густата дабова шума, на само неколку километри од Крива Паланка, овој манастирски комплекс, е еден од најмонументалните и најамбиентални манастири.
Големата манастирска црква, е посветена на „Свети Јоаким Осоговски“, гадбата е доверена на Андреја Дамјанов а фрескоживописот на Димитрие Андонов Папрадишки.
Малата црква „Рожденство на Света Богородица“ датира од крајот на 11 век. Од придружните објекти се издвојува трикатниот конак. Манастирот е еден од ретките православни храмови со турски заштитен знак, ова камено столпче со турбан на средината, знак за заштита поставена од султанот Хамид во 1884 година.
Манастирот е духовно, едукативно и културно средиште, кое инспирира творечка енергија. Посетен е од високи достоинственици и патеписци. Повеќе од 35 години во манастирот се одржува Меѓународната ликовна колонија.
Капацитетот за сместување е 37 соби со вкупно 100 легла. Ресторанот е за околу 150 гости, голем простран трем и конференциска сала. Манастирот е почетна/завршна дестинација на Планинарската трансверзала 4М