7.1. Манифестација „Невестинско поклонение“ се оддржува во првата сабота / недела од велигденските пости во с. Конопница во црквата св „Свети Теодор Тирон, исклучително ретка градба од 19 век изградена со „кружни“ архитектонски обрасци од малоазиски или грузиско-ерменски тип. Обичајот „Невестинско поклонение“ е длабоко вкоренет во народната традиција со која се негува култот кон св. Теодор Тирон – заштитник на младенците, породот и плодноста. Учествуваат омажените помеѓу две Тодорици со своите свекрви, облечени во роднокрајски народни носии. Манифестацијата започнува со звукот на камбаните и доделување на свечените поклоненички марами од идејниот творец на манифестацијата, потоа невестите придружени од свекрвите, и народните инсттрументалисти го изведуваат поклонението, По благословот, присуствуваат на молитвата за зајакнување на брачните врскиа на излегување од црквата учесничките добиваат свечен поклонениечки брош од покровителот – градоначалникот на Општина Крива Паланка. Во пресрет на Невестинското Поклонение се одржува Меѓународниот конкурс за карикатура (авторски проект на Стојанче Величковски) на кој учествувале карикатуристи од стотина земји во светот.

7.2. Водопад „Скок“ Боголожин Дол, лоциран е на (1км) западно од црквата, водопадот е привлечен за фотографите во секое годишно време.