Спортскиот комплекс во Крива Паланка е потенцијал кој може да биде ставен во функција на развојот на туризмот. Лоциран е на  излезот од градот,  кон граничниот премин Деве Баир со Р.Бугарија, покрај меѓународниот патен правец А2 и патот кон Манастирот „Св.Јоаким Осоговски“. 

Комплексот содржи :фудбалско игралиште со помошен објект, атлетска патека со гумирана тартан подлога, надворешно повеќенаменско спортско игралиште, тениско игралиште, скејт парк, терен за мини – голф  и спортска сала со површина од 1.273 квадратни метри, капацитет од 400 седишта, специјална подлога според меѓународни стандарди и можност за организирање на тренинзи и натпревари во пинг понг. Поврзан е со велосипедско – ролерската патека долж реката Крива Река кон централното градско подрачје, каде  се наоѓа и надворешна фитнес зона. Комплексот е поврзан и со пешачко-рекреативнтаа патека која води кон манастирот Св.Јоаким Осоговски.