Пешачка патека Живописна патека покрај Козја Река, во необично рустикален предел ве води до недопрените природни убавини на Станечките водопади кои со своите 11 метри се најголем водопад на Осоговските Планини.
Валавица во село Станци лоцирана живописните природни предели, клисурестите корита на реките и брзите води. Во еден век страта валалница на природен начин се валаат јамболиите, чергите и рачно изработените ткаенини.
Етно ресторан „Воденица“ Денот поминат во пазувите на недопреното природно богатство, можете да го надополните во прекрасниот ресторан „Воденица“, уреден во амбиент кој е во склад со природната околина и низ кој протекува бистрата и брза Дурачка Река. Овде можете да вкусите автентични и традиционални јадења и да ги почувствувате сите благодети на оригиналната кривопаланечка кујна. Природните материјали и цветните аранжмани на овој комплекс го надополнуваат доживувањето за превкусниот рај за непцата и очите. Мотел „Вила Ана Марија“ – Овој објект располага со десет соби со сопствени бањи, со вкупен капацитет за 30 лица. Има сопствен паркинг простор, летниковец, голем двор и уредени катчиња и патеки за разгледување и уживање во прекрасната природа.