Црквата Св. Николе во селото Градец е релативно голема еднокорабна градба изградена во 19 век, со отворен трем на западната и делумно на јужната страна.
На јужната страна, во продолжение на тремот, на исток е додадена затворена трпезарија. Внатрешноста на црквата е со трикорабна поставеност, постигната со столбови. Таванот е рамен со слепи куполи, од кои три се во централниот кораб.
Живописот е зачуван само во нишата на проскомедијата, каде што е насликана сцената „Слегување од крстот“ и на неа е испишан подолг текст од службата на проксомедијата. Автор на фреската е Георги Џереј, а создадена е во 1876 година. Во црквата е зачуван голем дрвен иконостас со царски двери, плитки резби и позлата. Според натписот на иконата Св. Ѓорѓи, иконите на иконостасот очигледно ги изработил Евгениј Кузманови од Дебра во 1869 година. Евидентирани се 51 икона.