Врвот Руен (2252 метри) е највисокиот врв на Осоговските Планини и во Источниот дел на Северна Македонија, на Осоговските Планини, кој секогаш е адреналински предизвик за планинарите се наоѓа на самата граница помеѓу Северна Македонија и Бугарија.
Во минатото преку Руен минувале славните револуционерни чети на војводите, а денес е симбол на планина без граници, на заеднички средби со сите љубители на планината и природата.
Секоја година овде се собираат планинари од Македонија и Бугарија, кои се дел од Заедничката планинарска акција што се одржува во месец август.
