ЛУ Градски музеј е ризница на културното и историско наследство и богатство во Крива Паланка. Еден е од двете музејски установи во државата, кои се основани и се финансират од локалната самоуправа и е вистински пример за самоиницијативност и посветеност во очувувањето на локалната култура и традиција.

Сместен е во една од најстарите згради во општината од 1926/27 година, а во своето 16 годишно постоење постојано ја збогатува музејската збирка со нови артефакти.

Денес брои околу 3,000 експонатинајчесто прибавени како подарок на населението од кривопаланечко, со откуп и преку археолошки истражувања.

Комплексниот карактер се согледува во тематиката на студиската музеолошка обработка: етнологија, археологија, историја, нумизматика, историја на уметност и техничка култура на кривопаланечкиот крај. Установата издава и стручни публикации, кои можат да се најдат во самата сувенирница.