На само 6 км од Руен, се наоѓа вториот по височина врв на Осоговието Царев Врв (2085 метри), наречен по византискиот цар Константин, кој на ова место изградил чешма. 

Во подножјето на Царев Врв извира и Крива Река. Царев Врв е едно од најатрактивните дестинации за голем број планинарски тури, велосипедисти, спортисти и рекреативци. 

Секоја последна недела од месец јуни се организира и традиционалната Планинарска трансферзала за изкачување на Царев Врв.