Овој фестивал е уште една манифестација во рамките на патроната прослава на градот, кој се одржува од 25-27 август секоја година.Го популаризира изворниот фолклор и народното творештво, богатата традиција и култура на  општините и државите со кои Крива Паланка има добри односи и соработка.

Низ фолклорните игри и песни се зајакнуваат врските на блиските народи, кои се запознаваат и поврзуваат преку  автентичноста на богатото културно наследство ширум светот. 

Дефилето на учесниците ни градот  на сите три фестивалски вечери, како и нивните настапи на отворена сцена, нудат единствена можност да се доживее светот низ музика и оригинална автентична игра.

Во досегашните  изданија  имало учесници од  Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Турција, Босна и Херцеговина, Кипар, Романија…кои секогаш ја воодушевуваат публиката и сведочат за пријателството, поврзаноста и блискоста на народите од регионот и од светот.