Во месец септември Крива Паланка станува град на театарска магија  каде на заедничка сцена  се соберираат театарските куќи од Балканот и вљубениците во драмската  уметност.

Овој фестивал е возбудливо  место  каде се вкрстуваат  театарските игри, се собираат искуства и се раѓаат нови идеи и пријателства помеѓу учесниците. 

Бројни и звучни актерски имиња од Србија, Хрватска, БиХ, Црна Гора, Бугарија и Македонија  досега поминале низ театарските изданија и оставиле свој печат во  фестивалските записи како трајна вредност на балканската култура. 

Секоја година  се избира лауреат на фестивалот во кој се вбројуваат врвни македонски уметници како Зафир Хаџиманов, Милица Стојанова, Петар Темелковски, Мето Јовановски, Благоја Чоревски, Гоце Тодоровски, Коле Ангеловски. Ѓокица Лукаревски и други.